Антитерористичка операција на белгиската полиција во Брисел

Од:

Белгиските власти трагаат по уште неколку осомничени терористи, поврзани со оние кои беа приведени во опреацијата преде неколку дена во Брисел и во францускиот град Лил.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во претресите извршени изминативе денови во проблематичните населби во белгискиот главен град беа пронајдени три автоматски пушки „Калашников“, десетина реденици со куршуми за нив, четири пиштоли и муниција, радиопредавател, трепкачко светло, униформа на агенција за обезбедување, две полициски униформи, униформа за цивилната заштита и четири детонатори за бомби,

Белгиските власти сметаат дека оваа терористичка група не е целосно неутрализирана и не знаат како осомничените можат да реагираат.

Според портпаролот на федералниот јавен обвинител, Ерик ван дер Сипт, овие акции на белгиските власти се со цел да се спречат можни нови терористички напади, но тој ја отфрли можноста дека е можно во Белгија во блиска иднина да се случи случно сценарио како на 22 март минатата година, кога 32 лица беа убинеи, а над 100 повредени во два издвоени терористички напади на бриселската метро станица Малбек и на Националниот бриселски аеродром Завентем.

Според Ван дер Сипт, белгиската полиција се уште трага по „неколку осомничени лица за тероризам“ по минатогодишните напади во Брисел и во северна Франција.

Но, и покрај тоа што некои белгиски медиуми објавуваат дека властите „се плашат од нов терористички напад“, портпаролот на федералното обвинителство изјави дека „нема никакви елемент за сценарио како она на 22 март минатата година“.

– Ништо не оди во оваа насока, како и во сите случаи на тероризам, како и во секоја истрага во која интервенираме. Сепак, ние не можеме да знаеме како луѓето што ги бараме можат да реагираат, посочи портпаролот Ван дер Сипт.

Инаку, степенот на опасност во Белгија се уште е на трето ниво, што значи дека терористичка закана е „сериозна, можна и веродостојна“. Доколку заканата стане сериозна и неизбежна, тогаш Белгија ќе премиене на четврто ниво на опасност од тероризам.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски