Акција за отстранување на диви пазарџии во Куманово

Од:

Отстранети се дивите пазарџии лоцирани пред Зелениот пазар во Куманово.

Во координираната акција учествуваа претставници на институции, сектор за инспекциски надзор, МВР, а комуналните претпријатија „Чистота и Зеленило“ и „Водовод“ беа поддршка со механизација во однос на чистење, миење на тротоарите на кои продавале пазарџиите.

Исто така и на неколку струмичани кои продавале зеленчук и овошје со камиони во кумановските населби „Зелен Рид“, „Бедиње“, пред населбата „Перо Чичо“ и „Тоде Мендол“, селата Долно Којнаре и Речица им е укажано да си заминат од тие локации.

– Оваа е континуирана акција која ќе продолжи да се реализира и со пазарната инспекција и СВР во текот на летниот и есенскиот период. Инспекторите ќе се враќаат на терен за да проверат дали дивите тезгаџии се враќаат на овие локации, изјави, раководителката на секторот за инспекциски надзор, Верче Лазаревска.

Со акцијата, сметаат одговорните од секторот, не само што се отстранува нелојалната конкуренција на пазарџиите кои имаат закупено тезги на пазарите во Куманово, туку се овозможува и непречен проток на сообраќајот, со оглед на фактот, што „дивите“ тезгаџии ги узурпираат тротоарите на булеварите и улиците.

Би можело да ве интересира

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони

МВР трага по 18-годишно момче од Куманово

Горан Наумовски