Чоколаден колач со малини

Од:

Едноставен и полн со мириси и вкусови …

Потребно е:
125 гр путер
100 гр чоколадо за готвење
300 гр џем од малини
120 гр шеќер во прав
прстофат сол
2 јајца
150 гр брашно
1 лажиче прашок за пециво
1 ванилин шеќер

за преливот од чоколадо:
100 гр чоколадо
40 гр путер

за украсување:
свежи малини

Подготовка:
– Сите состојки треба да бидат на собна температура. Во еден сад ставете ги брашното и прашокот за пециво.

– Во мал сад на рингла растопете го путерот и додадете ги чоколадото искршено на парчиња, џемот, шеќрот , солта и изматените јајца.

– Полека изматете ги рачно и додадете го брашното. Полека измешајте додека да добиете хомогена смеса.

– Смесата сипете ја во намастен со путер, долгнавест калап и ставете да се печа во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 45 минути.

– За тоа време направете го преливот од чоколадо. Растопете го путерот и во него додадете го чоколадото. Мешајте додека да се растопи.

– Извадете го колачот од рерна, оставете да се излади, а потоа прелијте го со преливот од чоколадо.

– Колачот украсете го со свежи малини.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска