Мостот од стакло висок 120 метри на работ на една карпа во југозападна Кина влезе во Гинисовата книга на рекорди како мост без поддршка, бидејќи е поврзан само со кабли.
Мостот долг 70 метри во општината Чонгчин може да прими најмногу 30 лица, а свечено е отворен на 1 април.
Кинезите ги привлекуваат туристите со стаклени мостови. Во земјата минатата година за јавноста беше отворено најдолгиот стаклен мост, кој беше инспирација за американскиот научно-фантастичен филм „Аватар“ на режисерот, Џејмс Камерон.
Мостот со должина од 430 метри се наоѓа 300 метри над земјата и е сместен меѓу два парка во кинеската провинција Хунан. Локацијата на мостот беше инспирација за „лебдечката планина“, која се појавува во филмот Аватар од 2010 година.