Министерот Спасовски оствари средба со делегација на УНДП

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се сретна со делегација на УНДП предводена од Луиза Винтон, постојан координатор на Обединетите нации и постојан претставник на УНДП.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на средбата претставничката на УНДП истакнала дека е видлива намерата на македонската Влада и на ресорното Министерство да се направат длабоки и суштински реформи. Винтон понудила помош и поддршка за најавените реформи во Министерството за внатрешни работи, особено во делот на експертската помош, обуките и слично.

Од страна на министерот Спасовски посочено е дека со ентузијазам влегува во процесот на реформи со цел да се добие полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните, односно оти мора да му се даде приоритет на принципот на чесност, одговорност и законско работење. Спасовски потенцирал неколку приоритети со чија реализација се очекува да се врати изгубената доверба од граѓаните кон полицијата, притоа осврнувајќи се на потребата од декриминализација и департизација односно давање шанса на професионалците да ја вршат својата работа.

Министерот Спасовски ја информирал претставничката на УНДП дека во процесот на реформи односно измени на законите ќе бидат инволвирани што е можно поголем број лица, пред се од научната јавност, со цел да се добијат најквалитетни решенија.

Двајцата соговорници разговарале и за предизвиците коишто стојат пред МВР како што се борбата против тероризмот, проблемот со корупцијата и опасноста од нов мигрантски бран.

Претставничката на УНДП го поздравила посветеноста на новото раководство на МВР за унапредување на човековите права и владеење на правото. Таа ја потенцирала и улогата на полицијата во борбата со семејното насилство и предложила низа проекти од оваа област кои можат да помогнат за спречување на оваа појава. Винтон предложила соработка и во областа на управувањето со кризните ситуации.

На средбата е договорено да се одреди лице од Министерството за внатрешни работи за контакт со канцеларијата на УНДП со цел да се олесни соработката.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он