Трудо: Трамп и Брегзит се шанса за Канада и Ирска

Од:

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави денеска дека неговата земја и Ирска треба да ја искористат можноста да бидат отворени и прогресивни, додека нивните поголеми соседи, САД и Велика Британија се затвораат во себе.

Канадскиот премиер говореше пред медиумите по средбата со ирскиот колега Лио Варадкар во Даблин.

На двајцата лидери им претстои сложен период имајќи ги предвид случувањата во соседните земји, САД под раководство на Доналд Трамп и Велика Британија, во процес на излегување од ЕУ.

– Се повеќе луѓе сакаат да дојдат во Ирска заради Брегзит, изјави Варадкар.

Даблин се надева дека ќе ги привелече финансиските институции од Лондон, откако Велика Британија ќе си замине од ЕУ.

Би можело да ве интересира

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена