На 20.12.2012 година, во СВР-Штип е пријавено дека на 19.12.2012 година околу 19,00 часот во куќа во Штип, над 90-годишна штипјанка била извршена обљуба од непознато лице.
Делото било извршено на начин што, во критичното време кога оштетената била сама, слушнала тропање на надворешната врата и кога сакала да заклучи, насилно влегло непознато лице кое со употреба на физичка сила и нанел повреди во пределот на главата а потоа извршил обљуба над истата.
На заминување од нејзината чанта одзел 300 денари и се оддалечил во непознат правец.
По превземени мерки од страна на СВР-Штип сторителот е пронајден и се работи за Ч.Р. (15) од Штип, кој и порано кривично е пријавуван за вакви дела. Истиот е штитеник на воспитно поправниот дом „Ранка Милановиќ„ кој во моментот користел слободни денови.
Во врска со тоа од страна на СВР Штип против Ч.Р. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.