ВМРО-ДПМНЕ: Функционерите на СДСМ да одговорат како се стекнале со имот

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција посочи дека министрите на СДСМ ги криеле анкетните листови, а некои дури и доцнеле со пријавувањето на имотот.

– Министрите на СДС се газди на луксузни станови, куќи, хациенди на море и луксузни возила и милиони кои ги заработиле под услови на наводен режим и диктатура, рече Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ.

Газда Самка Ибраимоски, како што рече, во својот анкетен лист пријавил имот од над 600.000 евра. – Газда Самка, кој не пропушташе прилика да каже како македонскиот народ е сиромашен, пријави имот од над 600.000 евра. Сопственик е на фабрика, како и на друг движен и недвижен имот, истакна Колариќ.

Таа праша како министерот Роберт Поповски се стекнал со имот од над 300.000 евра, како Никола Димитров станал газда на имот од околу половина милион евра кој вклучува стан во Хаг од над 300.000 евра и како Кочо Анѓушев се стекнал со имот од над 28 милиони евра. Праша и како Шекеринска се стекнала со четири стана во, како што рече, време на наводен режим кои чинат неколку стотици илјади евра и сама на себе си плаќа кирија.

– Како премиерот Заев под услови на наводен режим според лично признание заработил 6 до 7 милиони евра богатство, нагласи Колариќ.

Граѓаните, како што рече, ја очекуваат транспарентноста од функционерите на СДС која тие ја ветуваа и очекуваат одговор на прашањата како се стекнале со толкав имот во време на наводен режим.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски