А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија не и требаат експерименти со истополови бракови

by А1он04/07/2017 - 14:4404/07/2017 - 15:46100
Share0

ВМРО-ДПМНЕ смета дека на Македонија не и требаат експерименти со истополови бракови или посвојување на децата без родители од страна на двојки од исти пол.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Бракот е заедница исклучиво помеѓу еден маж и една жена. Така било, така е и така треба да остане. Без никаква дебата и без никакви аргументи, власта предводена од СДС и ДУИ на јавноста вчера кукавички и го подметна предлогот за легализација на хомосексуалните бракови, кој може да биде вовед во идно овозможување на посвојување на деца без родители од хомосексуални двојки, рече Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција пред Собранието на РМ.

Ваквите законски измени, додаде, ги немаа во своите програми ниту СДСМ, ниту ДУИ и граѓаните не гласаа за нив.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Цениме дека е подмолно пост изборно да се подметнуваат вакви законски решенија. ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против индивидуалните слободи и изразување на сексуалната определба се додека тоа е согласно со закон. Македонија е традиционално општество каде се негуваат семејните вредности. Предлогот на пратеникот од владејачкото мнозинство сам по себе е спротивен на волјата и на ставот на огромното мнозинство граѓани за брак како заедница на еден маж и на една жена, рече Ласовска

Нагласи дека традиционалниот брак како заедница на еден маж и една жена во Македонија го поддржуваат и Македонци и Албанци и Срби и Турци и Власи и Роми и Бошњаци и христијани и муслимани и сите останати верски и етнички заедници. Потсети дека минатата недела група на активисти и сајтови блиски до парламентарното мнозинство пренесоа изјави за релативизирање на педофилијата, дефинирање на педофилите како маргинализирана група и признавање на исто половите бракови, заедно со посвојување на деца од хомосексуални двојки.

dpmne

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 14:31

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 12:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео