Премиерот Зоран Заев, од име на Владата на РМ и од свое име на Нотарската комора на Република Македонија, како и на претседателот на комората Васил Кузманоски им го честита приемот во Советот на нотаријатите на Европската унија (CNUE), се наведува во соопштението од владината прес-служба.
Советот на нотаријатите едногласно ја одобри апликацијата на Нотарската комора на Република Македонија на Генералното собрание кое се одржа во Шпанија на 16 и 17 јуни годинава.
Со ова македонската Нотарска комора се здоби со статус на набљудувач во CNUE.
Нотарската комора на Македонија исто така е член и на Меѓународната унија на нотаријатите (UNIL).