Taравари: Потребен е комплетно нов Клинички центар

Од:

Минатата Влада упорно промовира изградба на Клинички центар, а всушност не се работи за Клинички центар, туку само една зграда за интерни клиники, и тоа е само парцијално решение. Ова го истакнува министерот за здравство Арбен Таравари во реакција за изградбата на новиот Клинички центар.

По нивниот план и проект, смета Таравари, предвидено е да се изгради само една зграда во којашто ќе бидат сместени интернистичките гранки, додека во стари објекти ќе останат хирургија, онкологија, гинекологија, кардиологија и кардиохирургија, инфективна, педијатрија.

– На Македонија и треба комплетно нов Клинички центар, имајќи предвид дека местото и местоположбата на сегашниот клинички центар воопшто не се адекватни. Сакаме да изградиме Клинички центар според врвните светски стандарди, каде што ќе има повеќе влезови, паркинг, меѓусебно поврзани клиники, како што препорачуваат стручните лица и инженери, специјализирани во оваа област, посочува Таравари.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните