ВМРО-ДПМНЕ: Дамјановски да го реши проблемот со водата во Куманово

Од:

Граѓани од неколку населби во Куманово живеат во субстандардни услови бидејќи на 40 степени немаат вода, а тоа е резултат од недомаќинското и неодговорно владеење на СДС и градоначалникот Зоран Дамјановски, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

– Централното градско подрачје веќе четири дена мака мачи со тропските температури кои надминуваат над 40 степени, во услови кога во градот нема вода. Покрај тоа што нема никаков дотур на вода во централното градско подрачје, високите зони исто така немаат вода по три до четири дена. Системот за водоснабдување на многу места во Куманово е нефункционален и е под постојан прекин, поради неодговорноста на надлежните локални власти, рече на денешната прес-конференција Зоран Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Додаде дека овој проблем се провлекува со години, но оти овојпат состојбата е загрижувачка.

– За сите граѓани, а особено за болните и изнемоштени луѓе, со хронични болести, основната потреба во овие тропски денови е водата. Но, очигледно дека партиските состаноци во скапи ресторани се побитни од потребите и жедта на граѓаните, рече Ѓорѓиевски.

Апелираше Дамјановски и другите надлежни да го решат овој проблем и, како што рече, да се обезбеди водата која граѓаните ја заслужуваат и уредно ја имаат платено.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник