Локалната власт во Гостивар апелира на порационална употреба на водата од градскиот водовод

Од:

Гостиварските локални власти апелираат до граѓаните за порационална употреба на водата за пиење. Поради високите температури и доаѓањето на печалбарите во родниот крај во наредните денови, препорачуваат дополнително да се внимава при користење на водата за пиење.

– Се молат граѓаните да не ја користат водата од водоснабдителниот систем за наводнување на нивите, зелените површини, дворовите, миењето возила, како би се овозможило сите корисници да имаат вода за пиење и за основните животни потреби. Општина Гостивар ги повикува граѓаните водата да ја користат рационално и само за потребите на домаќинствата, се наведува во соопштението на општина Гостивар.

Од локалната самопуправа наведуваат дека веќе се регистрирани случаи на недостиг од вода во некои населби и околните села.

Од Јавното претпријатие „Комуналец“ ја потврдија состојбата и дека недостиг на вода и слаб притисок во цевководите во одредени реони.

– Тоа е поради неконтролираната употреба. Проблемите ги предизвикуваат несовесни граѓани кои ја злоупотребуваат водата и наводнуваат тревници и бавчи. Затоа во текот на денот има недостиг, а преку ноќта снабдувањето се нормализира, истакна директорот на ЈП Комуналец, Мемедали Џафери.

Џафери очекува дека најавите за намалување на температурите и вранежи од дожд ќе ја ублажат состојбата со недостигот од вода за пиење Деновиве на корисниците им се испорачуваат и по 450 до 500 литри во секунда колку е и максималниот капацитет на водоводот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Левица: Во Кисела Вода посегнаа да бркаат наш советник од седница кога не им се допаѓа вистината

Горан Наумовски

Уапсен е гостиварец кој ја силуваше вонбрачната партнерка

Горан Наумовски

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме