(ВИДЕО) Бочварски: Заради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, цената на автопатот Кичево-Охрид ќе порасне за 120 милиони евра

Од:

СДСМ бара ВМРО-ДПМНЕ да каже кој ќе понесе одговорност за доцнењето во изградбата на автопатот Кичево-Охрид и, како што рече, партискиот потпретседател Благој Бочварски, можните пенали кои дополнително ќе ги плаќаат граѓаните поради тоа што за доцнењето директно е одговорна државата која дозволила да се работи по речиси неупотреблив основен проект.

– Сто и дваесет милиони евра е цената која граѓаните ќе ја платат заради тоа што проектот за автопатот бил нецелосен, со речиси никакви геотехнички и геомеханички истражувања, без увид во состојбата на терен, со погрешно проектирани косини кои се нестабилни и се обрушуваат. Поради ова цената на тунелот на автопатот се покачила тројно, од 29 на 89 милиони евра, изјави денеска потпретседателот на СДСМ Благој Бочварски.

Огромни проблеми, додаде, има од 12-от до 18-от километар, од Кичево до Пресека каде се појавиле свлечишта, обрушувања на косините, затрупување на трасата, нерешени имотно правни односи, а потребна е и дислокација на енергетски објекти.

Челниците на ВМРО-ДПМНЕ, рече Бочварски, посегнале и по провизии, за уште повеќе да ги оштетат граѓаните.

– За овие автопатишта, СЈО има покренато случај, со сомнение дека разликата во цените од изведувачот до подизведувачите изнесува најмалку 155 милиони евра, рече Бочварски, упатувајќи прашање до ВМРО-ДПМНЕ дали „мислат дека барем еден граѓанин им верува кога за катастрофалните грешки на автопатите го обвинуваат СДСМ“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски