Премиерот Заев испрати честитка до новата премиерка на Србија, Ана Брнабиќ

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев испрати честитка за изборот на новата Влада на Република Србија и стапувањето на должноста на Ана Брнабиќ за претседател на Владата на Србија.

– Поаѓајќи од нашите определби за натамошна изградба и унапредување на добрососедските односи, очекувам дека ќе продолжиме со плодната соработка меѓу владите на нашите две земји, како и меѓу надлежните институции, по прашања од заеднички интерес, како придонес во зајакнувањето на меѓусебните односи, се вели во честитката.

Сигурен сум, додава Заев, дека нашите заеднички напори дополнително ќе придонесат кон стабилноста, безбедноста и европската перспектива на нашиот регион.

– Во очекување на нашите идни средби и соработка, почитувана колешке Брнабиќ, примете ги изразите на моето највисоко почитување, се вели во честитката на премиерот Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Возач загина во судир на камиони кај Стара Пазова

А1он

Во Германија откриен вирус Хепатитис А во смрзнато овошје од Србија

А1он

Цариниците најдоа злато скриено во чорапи на српско-црногорската граница

А1он

Хаос во репрезентацијата: Ватерполистите се изјаснија – 11 од нив повеќе не сакаат да играат за Србија

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од 4,1 степен во Србија, почувствуван и во Унгарија и Хрватска

Вујиќ-Обрадовиќ: Грција времено ќе го суспендира EES системот за српските туристи