Сеиф ал Ислам ветува дека ќе го изненади светот

Од:

Независимаја газета – Москва

Во Либија беше ослободен Сеиф ал Ислами Гадафи. Најстариот син од вториот брак на поранешниот лидер Моамер Гадафи излезе од затворот во градот Зинтан, според законот за општа амнестија. Тој веќе се досели кај роднини во градот Бајда, во областа Киренајка, контролирана од команидот на Либиската национална армија (ЛНА) Халифа Хафтар, и од „источната“ влада во Тобрук. Ако одлучи Сеиф ал Ислам да се вклучи во политичките борби, со сигурност ќе игра во едно исто политичко поле со Хафтар.

Доскорешниот висок политички затвореник беше уапсен од борци на зинтанска група по убиството на татко му – во ноевмри 2011 година, при обид да избега од Либија во Нигер. Во јули 2015 година, апелацискиот суд во Триполи го прогласи Сеиф ал Ислам за виновен како „извршител на воени злосторства при гушењето на мирните протести на револуционерите“ и го осуди на смрт. Но не знаеја како да го стрелаат синот на гадафи. Зинсанската група, која му е верна на хафтар, категорично одби да им го предаде Сеиф ал Ислам на властите во Триполи со изговор дека судиите кои ја донеле пресудата, целосно биле под конѕрола на неколкумина племенски водачи. Не успеаја и намерите евентуално наследникот на Муамер Гадафи да му биде предаден на Меѓународниот суд за воени злосторства во Хаг.

Така Саиф ал Ислам ја избегна истата судбина на татко му и брат му Мотасим, искасапени од бунтовниците, на брат му Камис кој загинал при едно бомбардирање, и на брат му Саади, за кого не се знае ништо откако избега во Нигер, но во 2014 година беше предаден на новите либиски власти. Останатите членови на семејството Гадафи – неговата сопруга, синовите Ханибал и Мохамед, и ќерката Ајша, имаа повеќе среќа: успеаја да најдат засолниште во Алжир.

Според многу набљудувачи, ослобоувањето на Саиф ал Ислам (уште повеќе ќе го распламти огнот во Либија“. Во секој случај, Ахмед МУхареб – роднина на гадафи, предвидува „големи изненадувања за светот“. Можеме само да претпоставиме какви ќе бидат тие. Ништо чудно, на пример, да испливаат нови детали кои ќе октријат како гдафи ја финансирал претседателската кампања на Никола Саркози во 2007 година, или други задкулисни зделки со политичари од Западот со поранешниот либиски режим.

Либијците различно го толкуваат излегувањето на Саиф ал Ислам од затворот. Некои, кои директно учествувале во симнувањето на Гадафи од власта, „револуционери“ и нивни симпатизери, се збунети и шокирани – според низ амнестијата ќе озвомжи многу поранешни функционери во режимот на Гадафи да излезат н слобода и да учествуваат во политичкиот живот, што ќе отвори пат за враќање кон стариот поредок во Либија. Други не ја кријат својата радост сметајќи дека законите и редот во земјата ќе бидат воспоставени, и ги поврзвуаат тие надежи со синот на Гадафи кој може да му стане сојузник на Хафтар. Тепко е со сигурност да кажеме дали има врска меѓу ослободувањето на Саиф ал Ислам и обидите на “источниот“ блок, вклучувајќи го и Хафтар. Но не смееме да ја исклучиме можноста. Сеиф ал Ислам излезе од затвор помалку од еден месец откако Домот на избраниците (парламентот) кој е базиран во градот Тобрук, го донесе законот за амнестија.

Ништо чудно пратениците кои го изгласале тој акт, да го зеле предвид праксата во Ирак. Во Либија, како и во Ирак, останале многу луѓе вградени со текот на времето во системот на власта. Исфрелни од политичкиот, но и од економскиот живот, многу членови од партијата Баас, војници, чиновници во Ирак станаа основа за градење или едноставно „градежни материјали“ за Ал Каеда или исламска држава. Во таа мисла законот за амнестија треба да се гледа како чекор кон национално помирување.

Сеиф ал Ислам неспорно може да ги обедини не само оние приврзеници на стариот режим ан Гадафи, кои од едни или други причини немаат доверба во Хафтар, но и огромен број обични либијци кои денес живеат со носталгијата за слободниот и безбеден живот. Синот на Гадафи за нив е авторитет и буди доверба, а може за таа цел да ја искористи и политичката организација Фронт за национална борба.

Но во моментов не треба да гледаме во Саиф ал Ислам политичка фигура еднаква на Хафтар. А и самиот главен командант на ЛНА најверојатно не би трпел до него да застане некој сериозен конкурент. Дури и ако Саиф ал Ислам се вклучи во политичките борби, тој со сигурност ќе игра во едно исто политичко поле со Хафтар, на почеток како негов „помлад“ сојузник. Со огледа на возраста на Хафтар, всушност 44-годишниот син на Гадафи може со текот на времето да стане лидер во борбата против исламистите.

Во принцип не постојат сериозни пречки кои ќе го спречат обединувањето на Хафтар со Сеиф ал Ислам. Командантот на ЛНА можеби е навреден од Гадафи кои на времето го смени од местоот командант на сопствениот експедициски корпус во Чад, но тешко е дека лутината би ја префрлил и врз Сеиф ал Ислам. А самиот Хафтар нема на рацете крв од луѓе од родот на Саиф ал Ислам, ниту на луѓе кои го поддржуваа режимот за тоа да стане мотив за одмазда.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски