Бузалковска: Колеги не излегувајте на протест, ова е бескрупулозен обид на власта да продолжи со своето расипништво

Од:

Половина час пред најавениот ПРОТЕСТ НА УМЕТНИЦИТЕ, режисер и вонреден професор по актерска игра и по основи на театарска режија на Факултетот за драмски уметности, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, ги замоли колегите и пријателите , уште еднаш да размислат кого и што поддржуваат излегувајќи денес на улица.

Еве го нејзиното обраќање на нејазиниот ФБ профил:

„Не би сакала да видам многумина од вас за кои знам дека правилно размислувате за овие теми и прашања, меѓу оние кои ќе застанат во одбрана на она од кое вие се срамите. Однесувајте се внимателно и останете со јасна мисла во овие матни времиња. Тоа се очекува од вистински уметници! Сите ние сакаме да се доизгради и да биде конечно отворен Старо-новиот театар и зградата на Македонската филхармонија, па тоа е единственото од сите овие чуда и чудовишта кои се појавија по скопските плоштади и улици кое вреди да постои, освен зградата на Музејот на холокаустот! Зарем треба воопшто да зборуваме за тоа? Но, јас мислам дека оваа битка не е за тоа. Оваа битка е уште еден бескрупулозен обид на власта да продолжи со своето расипништво на парите од граѓаните, во која уметниците ќе и послужат како маша, за политиката на континуирано осиромашување на народот заради личното богатење на неколкумина. Нејзините механизми на дејствување, како и нејзиниот начин на мислење, ги видовме т.е. ги прочитавме доцна во ноќта и самите, не мора да ги претпоставуваме:

„Мери Георгиевска е ќерка на Љубиша Георгиевски и е вработена во МНТ. Се дрзна да каже јавно дека утре нема да излезе на штрајкот на уметниците против опозицијата. Еве што и’ порача еден паметен, убав и талентиран наци-онален уметник:

Мери го користам фб на сопругата, бидејќи немам свој. Не си ни свесна со кого си влегла на оро, но јас ќе ти ги демаскирам играчите, кои ти се на левата и на десната страна од орото.

– Тоа се истите тие што цел живот татко ти го тепаа по глава и со кои тој до ден денес бие битка. Тоа се истите луѓе кои мене ме понижуваа до крај додека беа на власт. Не заборавај како, зошто и од кого си вработена. Сигурно тоа не е затоа што си најпаметна, најубава и најталентирана.

– Не ми враќај ништо назад, не сакам да контактирам, само да те потсетам: Луѓето што се предавници на своето семејство, се предавници и на самите себе“, напишал колегата.

Се надевам дека овој апел ќе го сфатите правилно, зашто нема пострашно чувство од она, кога човек подоцна ќе се почувствува изманипулиран.

Со надеж,

Зоја Бузалковска

Би можело да ве интересира

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25 проценти повеќе пари за здравството од оваа година

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

(ВИДЕО) Лефков: Владата на ВМРО-ДПМНЕ предвидува 3 милијарди денари повеќе во Буџетот за образование