СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги занемаруваше потребите на компаниите, ќе има поддршка и за домашните и за странските инвестиции

Од:

Од СДСМ со писмено соопштение реагираат на прес-конференцијата на Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Децениското криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ, нанесе огромни штети врз економијата и остави околу 500 000 граѓани да живеат под прагот на сиромаштијата, додека раководствто на ВМРО-ДПМНЕ екстремно се богатеше.

Резултатите од политиките на привлекување странски инвестиции на претходната Влада беа поразителни. Скапо платените економски промотори освен што трошеа пари на граѓаните за нивни и прошетки на нивните блиски низ светот, не ги постигнаа очекуваните резултати. Доказ за тоа се и бројните наводни индустриски зони што и денес се само празни и оградени ливади, како и фактот дека Македонија со години наназад е една од земјите со најмалку странски инвестиции во регионот.

Наместо да работи на континуирано подобрување на конкурентноста, ВМРО-ДПМНЕ ги трошеше парите на граѓаните на лажен барок, криминални тендери и скапо платени советници, занемарувајќи ги потребите на граѓаните и компаниите.

Таквото време на расипништво на парите на граѓаните заврши. Следува време во кое и странските и домашните компании ќе бидат квалитетно поддржани за да се отворат нови и подобро платени работни места, што ќе значи повисоки плати и помала невработеност, што ќе придонесе кон свекупен економски раст“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на осми мај, се одлучува за иднината

Горан Наумовски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он