Во сообраќајка на патот Штип – Велес животот го загубиле три лица

Од:

Вчера околу 19 часот и 45 минути на регионалниот пат Штип – Велес кај местото „Црна Точка“ се случила сообраќајка при која што животот го загубиле три лица.

Во незгодата на самото место починале возачот на едното возило С.С. и сопатничката од истото возило Б.С. од Крива Паланка, додека другатка сопатничка Д.Ј. од Велес била пренесена во болницата во Велес, каде од страна на лекар била констатирана смрт.

Тригодишно девојче како и возачот од другото возило П.Ѓ. се здобиле со тешки повреди и биле пренесени во Ургентен центар во Скопје.

Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и увидна екипа од полициската станица Свети Николе.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Teшка сообраќајка на патот Прилеп – Градско, двајца загинати

А1он

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски