„Тирамису“ премиерно изведена во Велешкиот театар

Од:

Претставата „Тирамису“ според текст на полската авторка Јоана Овшианко, а во режија и адаптација на Теа Беговска синоќа премиерно беше изведена на големата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес.

„Тирамису“ е четврта продукција од Годишната програма на Велешкиот театар за 2017 година.

Режисерката Теа Беговска истакна дека претставата се занимава со постпазарната етика и естетика, преиспитувајќи го феноменот на консумеризмот и потрошувачкото општество, наспроти изгубената човечност и суштинските вредности на животот.

Материјалниот свет и општествениот систем, како што рече, е сведен само на лични интереси и затоа не изгубил и нас во одењето по тој единствен пат. – Затоа бескрајниот простор наречен универзум е единствениот свет каде не постојат лични интереси и гласно можеме да ги кажеме нашите соништа, потенцира Беговска.

Во претставата играат актерите Маја Љутков, Зорица Панчиќ, Талија Настова, Марија Стефановска, Фаик Мефаилоски, Жарко Спасовски, Душица Настова и Румена Шопова.

Сценографијата за претставата ја направи Валентин Светозарев, костимите Андреј Ѓоргиевски-Папаз, автор на музиката е Енес Беговски, видеото е на Данчо Стефков, а дизајнот на светлото на Звездан Миљковиќ.

Првата реприза на претставата е закажана за недела, втори јули.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка