(ВИДЕО) Груевски: СЈО е институција за политички прогон

Од:

ВМРО-ДПМНЕ е нападната како никогаш досега. Гонети сме од страна на СЈО се со цел партијата да се уништи на најбрутален начин. Ова е класичен политички прогон врз ДПМНЕ, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на денешната прес-конференција на која што присуствуваше целиот партиски врв.

– СЈО стана инструмент во рацете на СДСМ. Носат одлуки без никакви докази. Целта е кршење на ВМРО-ДПМНЕ како партија и слабеење на Република Македонија, но нема да успеат, рече Груевски.

Како што кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, од страна на СЈО нападните се членови на ДИК, судии, новинари.

– Исто така, целта на сето ова е заплашување на судиите, за да одлучуваат во корист на СДСМ, изјави Груевски.

Според лидерот на опозицијата, СЈО ќе биде оној дел од историјата од која Македонија ќе се срами.

Груевски обвини дека раководството на СДСМ постојано било во контакт со обвинителите од СЈО со цел да ја диригираат нивната работа.

– Зоран Заев секогаш кога ќе направи голема грешка или политички пропуст, СЈО е тука да го одвлече вниманието со некој нов предмет, рече Груевски.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го преспие ова и ако досега биле конструктивни, нивната конструктивност завршува денеска.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски