А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Продолжена кризната состојба на границите поради мигрантите

by А1он29/06/2017 - 14:06123
Share0

Собранието на Република Македонија во рамки на 7. седница денеска со 94 гласа „за“ го продолжи рокот на постоење на кризна состојба на јужната и на северната граница заради зголемен обем на мигранти до 31 декември оваа година.

Следете a1on на Instagram Instagram

Пратениците изгласаа измена на Одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија до 31 декември 2017 година.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски образложи дека оваа одлука е многу значајна заради околностите околу глобалниот проблем со мигрантската криза. Рокот се продолжува врз основа на проценките на надлежните служби и со предлог-одлуката на Владата која беше доставено до Собранието.

– Ќе им се овозможи на АРМ заедно со МВР учество во обезбедувањето на државната граница на Република Македонија со Република Грција каде имавме сериозен прилив на мигранти, рече Спасовски кој исто така посочи дека и припадници на полициски сили од други држави учествуваа во обезбедување на границата.

Следете a1on на Youtube YouTube

Целта е, рече министерот, да се продолжи овој континуитет бидејќи многу процеси се отворени. – Мигрантската криза во секој момент може да ескалира, вели Спасовски.

Одговарајќи на прашањата на опозициските пратеници министерот за внатрешни работи кажа дека нивиот став е јасен – краток престој на мигрантите на територијата на Македонија и оти решението за мигрантската криза треба да се бара на друго место. – Македонија има кампови за времен престој на бегалците кои треба да транзитираат низ Република Македонија и ние не сметаме дека треба да има дополнителни кампови ниту кампови за подолг престој на бегалците, рече Спасовски.

Кажа дека Македонија има сериозна поддршка од ЕУ и од земјите од Вишеградската група и дека таа ќе продолжи и во иднина. Во однос на оградата на јужната граница, кажа дека таа постојано е под надзор од страна на полицијата и војниците и тој е во добра кондиција.

– Соработка има со сите соседни земји во однос на мигрантската криза и регионално. Комуникации со грчкото Министерство за внатрешни работи се воспоставени и има редовни комуникации со полициското аташе на Грција во Македонија, рече Спасовски. Во моментов на границата со Грција, информира тој, има околу 100 припадници од други полициски служби од Словенија, Србија, Чешка, Унгарија, Словачка, Полска и Хрватска и тоа ќе продолжи до крајот на окотмври. – Нашата интенција е таа соработка да продолжи. Мигрантската криза сега нема интензитет но не знаеме дали ќе има и колку време ќе се држи под контрола. Во однос на присуството на Фронтекс, треба да се склули договор. Веќе е направена групата за преговори. Очекувам во најскоро време да биде склучен тој договор, рече министерот за внатрешни работи.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека оваа одлука е многу значајна и оти тие ќе ја поддржат оваа одлука.

– Очекуваме понавремени информации за се што се случува во однос на овој аспект. Посебно што според законот пратеник од опозицијата треба да биде член на Управувачкиот комитет за кризи, а тоа се уште не е исполнето како услов, рече Димовски.

Тој го пренесе ставот на неговата партија во земјата да не се градат и да не се размислува за бегалски кампови, освен оние два транзитни што веќе постојат.

Претседателот на Собранието Талат Џафери побара ВМРО-ДПМНЕ до Владата да достави предлог за член на Управувачкиот комитет за кризи.

По завршувањето на оваа седница Собранието ја продолжи 5-та седница.

migranti

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ04/08/2026 - 17:5404/08/2026 - 17:56

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он02/08/2026 - 08:36

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски31/07/2026 - 14:4731/07/2026 - 14:47

(ВИДЕО) Историски мигрантски бран: За еден ден во Сеута пристигнаа речиси 49.000 лица

Горан Наумовски31/07/2026 - 11:07

(ВИДЕО) Катастрофа во Сеута: Најмалку 18 мигранти загинаа

Горан Наумовски31/07/2026 - 09:08

ВИДЕО: Илјадници мигранти влегоа во Сеута, локалните власти бараат распоредување на војската

Предраг Петровиќ30/07/2026 - 18:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео