Фудбалерите на Работнички вечерва во Сан Марино го играат првиот натпревар против Тре Пене, во рамките на првото коло од квалификациите во Лигата на Европа. Капитенот Душко Трајчевски е уверен во успех на македонскиот тим.
– Нашата мисија е јасна, да го елиминираме Тре Пене. Го респектираме противникот, знаеме и дека не очекува тежок дуел, и воопшто нема да се опуштиме затоа што играме против тим од Сан Марино. Нема веќе лесни ривали во Европа, тоа одамна го знаеме. Но, подготвени сме за предизвикот и ќе се обидеме да го наметнеме нашиот стил на игра уште на овој прв натпревар. Веруваме во нашите квалитети и се надеваме на успех, порачува капитенот Душко Трајчевски.
Натпреварот меѓу Тре Пене и Работнички почнува во 20:30 часот, на стадионот „Серавале“ во Сан Марино