СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ од Македонија направи заробена држава

Од:

„Граѓаните 11 години сведочеа што значи целосна партизација на државните институции, каде што од најнизок па до највисок ешалон, беа вработувани лица кои од потребните критериуми поседуваа единствено партиска подобност. За време на 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ се случи целосно поклопување на државата, а меѓу најочигледните примери за тоа беше партизацијата на Министерството за внатрешни работи, кое според признание на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, ВМРО-ДПМНЕ го претвори во ВМРО-МВРО.

ВМРО-ДПМНЕ преку неосновани обвинувања со денови создава заблуда кај јавноста, бидејќи станува збор за привремени решенија, односно назначување на вршители на должност. Конечните решенија, без разлика за кои личности ќе се работи, ќе бидат вработени според потребните квалификации во согласност со Законот за државни службеници.

СДСМ, преку Владата што ја предводи започнува процес на департизација и професионализација на институциите. Државните институции ќе работат ефикасно, професионално и во интерес на граѓаните, за никогаш повеќе да не се повтори минисертствата да функционираат како партиски штабови, а Македонија да биде квалификувана како заробена држава, како што тоа беше за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните