АмЧам: Етичко и одговорно рекламирање

Од:

Компаниите да бидат внимателни и одговорни при рекламирањето, да го задржат етичкото ниво кое не може да се пропише со ниту еден закон, порачаа учесниците на денешната конференција што ја организираше Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам).

Според нив, неетичноста на бизнис огласувањето што е посебно изразено на интернет, во медиумите како Јутјуб и Инстаграм, најчесто е поради незнаење, а не вид свесна или намерна злоупотреба.

– Не се работи само за она што е легално, покриено со закон, туку за она што компаниите треба да го регулираат со своите внатрешни политики, за она на кое треба да внимаваат за да бидат етични, изјави Мишел Османли од АмЧам.

Според неа, клучна е пристојноста.

– Рекламите може да се законски, а да не се пристојни. Пристојната е релативен поим и во некоја држава значи едно, а во друга нешто сосема трето. Во секој случај компаниите треба да внимаваат нивните огласи да бидат секогаш пристојни за пошироката публика иако нивниот стандард во локалната сфера може да е поразличен од оној во друга земја, посочи Османли.

Како што напомена Стеван Ранѓеловиќ од Европската асоцијација на комуникациски агенции, законот некогаш не е доволно специфичен. Го дава единствено принципот на индустријата да биде доволно одговорна.

– Ако законот не кажува како на Инстаграм можете да поддржите некој бренд, тоа не значи дека треба да одите против него, туку да го примените во најдобар дух. Прво правило на секое рекламирање е да кажете дека е тоа спонзорство, огласување. Постои воопштена пракса во Европа дека ако поддржувате одреден бренд на пример на Инстаграм, треба да го поставите познатиот хаштак “ed“ што на англиски означува реклама, рече Ранѓеловиќ.

Одговорајќи на новинарско прашање, Османли информира дека во Македонија се уште не се зборува за овие суптилни теми како што е етиката во рекламирањето, а земјата не е ниту член на Европската асоцијација која покрива преку 30 држави. Досега Асоцијацијата на рекламирање во Македонија за 13 години покренала само една одлука против неетичко огласување, а исто така многу слабо или воопшто не се тужи во оваа сфера зашто нема надеж, како што истакна Османли, дека случаите ќе се решаваат соодветно.

– Во други земји обично тужи конкуренцијата ако некоја компанија рекламира или каже нешто што не е точно, но тука тоа не се случува. Се зборува за недоверба во судовите, подвлече Османли.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски