Куманово го реализира проектот за енергетска ефикасност

Од:

Продолжува реализацијата на проектот на Хабитат и општина Куманово за енергетска ефикасност кој се спроведува во неколку згради од поширокото централно градско подрачје во Куманово.

Според податоците на општина Куманово, целосно заврши реконструкцијата на фасадата, кровната конструкција и столаријата на осмокатницата на градскиот плоштад, а во фаза на реализација е станбена зграда на улицата „Тодор Велков“, спорти Центарот за вработување Куманово, каде е започната промена на кровната конструкција и подготвителни работи за промена на фасада и станбена зграда на „Драган Стопаревиќ“.

-Во фаза на подготовка на документација се зграда на булеварот „Октомвриска револуција“и на „Димитар Влахов“, подолу од Старата Црква, каде што станарите подготвуваат документација да одговорат на потребите што се предвидени преку проектот, истакна Горан Митевски од општина Куманово и поранешен главен градски архитект.

Со овој проект се очекува да се замени надворешната столарија, кровната конструкција и фасадата на зградите, со што станарите ќе имаат помали сметки за електрична енергија за затоплување и за ладење. Станарите добиваат заем обезбеден од Хабитат со незначителна каматна стапка од 1 процент, кои учествуваат со 80 проценти во проектот, а од општина Куманово која учествува со 20 проценти во проектот добиваат поддршка во административни таски, трошоци, нотарски договори и слично.

-Изведувачите на работите ги бираат самите станари, кога ќе ја дефинираат комплетната сума, кога ќе се одбие учеството на општината, останатиот дел се дели според метар квадратен на сопствениците на период од осум до десет години, кое за Куманово, согласно овие услови се движат од 10 до 12 евра месечно, што е незначително доколку се земе во предвид заштедата која се остварува со проектот за енергетско ефикасни згради, изјави Митевски.

Тој ги повика станарите доколку имаат какви било прашања во врска со реализација на проектот да се обратат до надлежните од општината.

Би можело да ве интересира

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена