Договор за соработка меѓу Крива Паланка и општина Грос Цимерн, Германија

Од:

Советот на Општина Крива Паланка денеска на 44-та седница потпиша договор за соработка меѓу општина Крива Паланка и германската општина Грос Цимерн.

Меморандумот е продолжение на досегашната успешна соработка меѓу општините во рамки на проект кој се однесува на здравата храна. Делегација предводена од градоначалникот на германската општина Грос Цимерн беше во официјална посета на Крива Паланка, при што беше официјализирана со договор и соработката.

-Потпишавме договор за взаемна соработка. Човекот е богат толку колку што има пријатели, а ние на овој начин стекнуваме уште еден пријател од Европското семејство и Европската унија. Соработката ќе ја започнеме најпрво во областа на културата, спортот и образованието, а се надевам во понатамошна консултација соработката ќе се продлабочува и расте, истакна Арсенчо Алексовски, градоначалник на Крива Паланка.

Договорот е продолжение на досегашната успешна соработка меѓу двете општини, потписници, заедно со уште два други града од Италија и Романија во рамки на проектот „Би(о)латерално и смисловно користење на ресурсот-храната“.

Задоволство од посетата и позитивни впечатоци од соработката истакна и градоначалникот на Грос Цимерн, Ахим Грим.

-Мојот прв впечаток е дека Паланчани се многу љубезни, многу срдечно бевме пречекани тука. Се надевам од оваа дружба ќе направиме добра културна и социјална размена, и дека ќе споделиме позитивни пракси во образованието, кулутурата, спортот, сите позитивни придобивки на едно општество, посочи Грим.

Иницијативата за проектот со кој започнала соработката меѓу двете општини е на Кривопаланечко семејство, иселеници кои долги години живеат и работат во овој германски град.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот