Познато далматинско традиционално јадење …
Потребно е:
80 мл маслиново масло
250 гр кромид
3 чешниња лук
800 гр домати пелати (од конзерва)
2 лажичиња шеќер
1 лажица мелен сув зачин
500 гр шкарпина
500 гр ослиќ
сол
2 лажици сецкан свеж магдонос
Подготовка:
– На ладно маслиново масло кратко пропржете го кромидот исецкан на ленти и ситно сецканото лукче. Додадете малку вода и динстајте околу 5 минути.
– Сега додадете ги пелатите, шеќерот и мелениот сув зачин и продолжете со динстањето 15-20 минути.
– Додадете ја рибата исечена на помали парчиња, малку посолете и продолжете со варењето додека да омекне рибата. Од време на време протресете го садот во кој го готвите бродетот.
– Готовиот бродет посипете го со сецкан магдонос и послужете го со сварена палента.