Нимиц во Грција и во Македонија од 8. до 11. јануари

Од:

Посредникот во разговорите меѓу Македонија и Грција за спорот за името, амбасадорот Метју Нимиц, ќе допатува во регионот на 8. јануари.

Најавено е дека Нимиц во Атина и во Скопје ќе има средби со високи претставници на Владите на двете земји, со цел да се забрза процесот за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение на спорот за името.

Според најавата од службата за односи со јавноста на Обединетите нации, посетата ќе биде надополнување на разговорите кои Нимиц ги имаше со двајцата посредници за решавање на спорот, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис, во Њујорк во ноември.

Нимиц во септември во Њујорк, за време на Генералното собрание на Обединетите нации, имаше средби и со македонскиот претседател Ѓорге Иванов и грчкиот шеф на дипломатијата Димитрис Аврамопулос, кои се сретнаа и со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски