Марковиќ во Стразбур: Црна Гора за пет години во ЕУ

Од:

Црногорскиот премиер Душко Марковиќ зборувајќи пред ПССЕ оцени дека во следните четири до пет години, реално ќе бидат завршени сите активности за Црна Гора да биде примена во ЕУ, јавува допсиникот на МИА од Стразбур.

Тој зборуваше пред Парламентарното собрание на Советот на Европа по повод десетгодишнината од членството на Црна Гора во најстарата европската организација, и во таа прилика Марковиќ истакна дека Црна Гора стана членка на НАТО, успешно го води процесот на евроинтеграциите и е подобрена независноста и ефикасноста на судството, но рече дека популистичката политика се обидува да ги врати државата и општеството во минатото.

– Црна Гора од 5 јуни оваа година е полноправна членка на НАТО. Тоа не е само резултат на посветената работа на Владата што ја предводам, но и на сите претходни влади кои членството во НАТО го имаа како приоритетна цел на надворешната политика и црногорското општество како целина , рече Марковиќ.

Понатаму, црногорскиот премиер рече дека ова е наследство кое е оставено на идните генерации, првпат во историјата, Црна Гора има можност да постигне мир, стабилност и безбедност, како и подобар квалитет на живот. Марковиќ потсети дека Црна Гора го отвори 28 поглавја од преговорите за членство во ЕУ, а три се привремено затворени.

„Ние сме подготвени да отвориме до крајот на годината три или четири поглавја и така практично да го донесеме до крај овој дел од процесот. Очекуваме дека тогаш ќе започне и нова фаза на интензивно затворање на поглавја, и ние веруваме дека е реално оти во следните четири до пет години ќе ги завршиме сите задачи и ќе ја подготвиме земјата за членство во ЕУ”, рече Марковиќ.

Марковиќ од Стразбур се осврна на, како што рече, „неодговорната политика на опозицијата за бојкотот на Собранието“, поради тоа што не ги признава изборите, кои, како што рече, се признати од страна на сите релевантни меѓународни фактори.

Би можело да ве интересира

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Двајца бугарски државјани уапсени во Црна Гора за обид за убиство

Горан Наумовски

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

Со нож нападнал невропсихијатар во Црна Гора затоа што не му издал дозвола за оружје

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала