ВМРО-ДПМНЕ: СДС не ги осудува и не се дистанцира од ставовите на Никола Шиндре

Од:

„СДС молчи, не ги осудува и не се дистанцира од ставовите на Никола Шиндре, учесник на „шарената револуција“, искажани преку колумна која наиде на поддршка кај голем број на учесници на „шарената револуција“ и поддржувачи на СДС, преку која се повикува на омекнување на законските санкции за педофилијата и се релативизира истата, како наводен нагон.

Одобрувањето и молчењето за ваква тема, значи прифаќање на ставовите на Шиндре.

Отука не е ни чудно што Шиндре бил и говорник на настан кој го отворил министерот за култура Роберт Алаѓозоски на кој главна тема биле ЛГБТ лицата.

Јавноста е згрозена од основната цел и теза на натписот на Шиндре: „Во одбрана на нај маргинализираните сексуални заедници – децата кои сакаат да имаат секс и децата кои сакаат да имаат секс со возрасни“.

Општество кое сака добра иднина и здрави генерации мора да ги осуди ваквите и слични ставови со кои се загрозува безбедноста и животот на децата. Токму затоа СДС и сите останати политички чинители не смеат да го премолчат овој настан, истиот треба да биде осуден од сите, со цел во иднина никој да не се осмели да релативизира кривично дело со кое што се уништува животот на неговите жртви.

Неосудувањето на ставовите за поддршка за педофилијата од страна СДС значи прифаќање на ваквите ставови. Одговорноста на СДС како партија која ја води Владата на Република Македонија е уште поголема, бидејќи не осудувањето ќе значи официјално одобрување.

ВМРО-ДПМНЕ силно се спротивставува на обидите да се релативизира педофилијата и да се омекне законската санкција за истата и секогаш ќе застане против се што ја загрозува безбедноста и животот на граѓаните на Република Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски