ВМРО-НП Охрид: Бараме раздружување на МЈП Проаква

Од:

„ВМРО – Народна партија од Охрид бара од новата влада на Република Македонија да донесе одлука за раздружување на МЈП Проаква. Бараме ова меѓуопштинското јавно претпријатие да се раздели на три единици: Водовод Охрид, Водовод Струга и Колекторскиот систем како посебно јавно претпријатие односно под државна капа.

Со раздружувањето на МЈП Проаква на трите единици: Водовод Охрид, Водовод Струга и Колекторскиот систем ефектот од работата би бил поголем. Покрај раздружувањето на претпријатијата Водовод Охрид и Водовод Струга, ВМРО – Народна партија бара формирање на ново Државно јавно претпријатие „Колектор”. Со тоа би се олеснила работата на МЈП “Проаква”, но и трошоците за струја, кои во најголем процент одат за одржување на колекторскиот систем.

ВМРО – Народна партија уште во 2009 година поднесе барање до тогашната влада за оваа работа, меѓутоа владата предводена од ДПМНЕ, како и за многу други наши предлози за Охрид немаше слух. Се надеваме дека новата влада ќе го разгледа овај наш предлог и ќе го прифати“ се вели во соопштението на ВМРО-НП Охрид

Би можело да ве интересира

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија