(ВИДЕО) Заев: Прецизиравме документ за реформите, европските перспективи не се повеќе далечност

Од:

Отворивме важен реформски процес. Владата на Република Македонија заедно со комесарот Хан прецизираше документ за реформите кои треба да се спроведат, изјави премиерот Зоран Заев по завршувањето на разговорите со комесарот Хан и делегациите.

Според него, европските перспективи не се повеќе далечност и доколку спроведувањето на реформите тече според планот, Европската Унија на есен треба да даде позитивна оценка.

Премиерот Заев објасни дека се работи за документ со име „Патоказ“, кој до 1. јули треба да се заокружи, односно да се финишира и да се објави во јавност.

Како што кажа Заев, во овој документ се вклучени владеење на правото, слободни медиуми, Рамковниот договор и извештајот на Прибе.

Премиерот очекува следната година земјите членки да се фокусираат на дискусија за влез на Македонија во Европската Унија.

Тој ја повика опозицијата активно да се вклучи во спроведување на реформите.

– Доколку дејстуваме заедно успехот ќе биде заеднички и загарантиран, рече Заев.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи