Дамјановски во посета на Кумановското муфтиство

Од:

радоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски и дел од советниците од Советот на општината, денеска, по повод Рамазан Бајрам го посетија муфтијата и членовите од Кумановското муфтивство, честитајќи им го празникот во име на граѓаните на општината.

Дамјановски, рече дека локалната власт има одлична соработка со Кумановското муфтивство на Исламската верска заедница во однос на градење на соживотот, промоција на меѓуверските и меѓуетничките односи во мултикултурно Куманово.

– Се надеваме дека и во иднина ќе соработуваме во насока на промоција и градење на мултиетничко, мултирелигиско општество, изјави Дамјановски.

Потсети дека неодамна, Муфтивството е преселено во нова зграда, за која општината дала поддршка преку Деталниот урбанистички план.

Муфтијата Абедин Имери се заблагодари на посетата на градоначалникот и на преставниците на Советот и истакна дека имаат одлична соработка и дека во Куманово, секогаш имало разбирање и толеранција. Тој им го честиташе празникот на верниците од исламска вероисповед од општините Куманово, Липково, Крива Паланка и Кратово.

Би можело да ве интересира

Поддршка за Вучиќ од Македонија – утре на пладне собир во Куманово

Предраг Петровиќ

Почина д-р Јордан Пачков – хроничар на Куманово

А1он

Дете e повредено при пад од тераса во напуштен објект во Куманово

Горан Наумовски

Уценувала поранешен работодавач – поднесена пријава против маж и жена од Куманово

Горан Наумовски

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он