Кривопаланечки планинари се искачија на највисокиот врв на Балканот, Мусала

Од:

Петнаесет членови на Здружението за планинарење и заштита на планината „Калин Камен“, Крива Паланка се искачија на врвот Мусала, кој се наоѓа на 2.925 метри надморска височина. Мусала е највисокиот врв на Балканскиот Полуостров, а се наоѓа на планината Рила во Република Бугарија.

– На вчерашната акција во организација на ЗПЗП „Калин Камен“, Крива Паланка учествуваа 15 учесници од нашиот клуб. Од Крива Паланка тргнавме во 5 часот, патувајќи до ски-центарот „Боровец“, оттаму со жичарница се упативме до локалитетот Јастребец на 2.369 метри надморска височина, од каде започна нашето прекрасно патешествие до највисоката точка на Балканот, Мусала. Попатно сретнавме планинари од други клубови од Македонија, Бугарија и пријателите од ПК „Железничар 2006“, од Врање, Србија, со кои се дружевме, изјави Денис Ангеловски од ЗПЗП „Калин Камен“, Крива Паланка.

Врменските услови биле одлични, со сончево време, а впечатливо искуство е, како што рече, што на самиот врв газеле снег во јуни.

– Особено сме горди на нашите најмлади денешни учесници, 12-годишните Петар и Христијан кои успешно го искачија врвот. Највозрасен учесник, пак, беше нашиот редовен придружник на акциите, Стојанче Костовски, додаде Ангеловски.

Посочи дека изминатата недела, како дел од редовните годишни активности на здружението, поставиле обележје на Царев Врв, на надморска височина од 2.085 метри и ги оспособиле чешмите Константинова, која е првиот извор на Крива Река кој извира под Царев Врв, како и А’лтн чешма.

Во јули ЗПЗП „Калин Камен“ ќе органзиира искачување на Рилски езера во Република Бугарија и искачување на Триглав, како и повеќе лесни локални „фото тури“.

Би можело да ве интересира

Кошта: Разумно е да и гарантираме на Северна Македонија дека нема да бараме ништо друго по уставните измени

Бугарија ја смени својата „приказна“ за авионот на Урсула фон дер Лајен

(ВИДЕО) Нападнато е и возилото со кое патуваше Урсула фон дер Лајен во Бугарија

Филипче: Сашко ќе добие уште еден мандат во Крива Паланка

Ја избоде до смрт мајката на поранешната девојка

А1он

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското езеро

А1он