Најмалку 123 луѓе загинаа откако се преврти и се запали цистерна со нафта во Пакистан

Од:

Цистерна со нафта се преврти и се запали на автопат во Пакистан при што загинаа 123 луѓе, а над сто се повредени.

Пакистанската армија испрати хеликопптери за да ги евакуираат повредените и да ги пренесат до болница. Најблиската болница, каде може да се третираат изгореници се наоѓа на повеќе од 150 километри од местото на несреќата.

Несреќата се случи пред прославата на Рамазан Бајрам поради што на патиштата во Пакистан има голема гужава.

Цистерната со гориво се преврти на националниот автопат на околу 100 километри од градот Мултан. Несреќата се случи кога возачот на цистерната изгубил контрола над возилото.

Локалните власти соопштија дека жителите од околните села пристигнале на околу 30 мопеди за да ја соберат нафтата. Иако полицијата го блокирала приодот, тие го пробиле кордонот и голем број од нив изгореле откако се запалило горивото.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица