На граничните премини Богородица и Дојран и попладнево има задржувања подолги од еден час, информираат од АМСМ.
На останатите гранични премини нема задржувања подолги од 30-тина минути.
На граничниот премин „Богородица“ од изутрината за влез во Грција се чекаше и по неколку часа, а беа формирани и колони возила, главно со македонски и српски регистарски ознаки.
Колоните на македонска страна почнуваат пред казиното „Принцес“, а со возила во шест колони е исполнет и меѓуграничниот ростор.
Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен, а сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози.