Честитка од Заев по повод Меѓународниот ден на балканските Египќани

Од:

Премиерот Зоран Заев по повод 24 Јуни, Меѓународниот ден на балканските Египќани, упати Честитка до граѓаните на Република Македонија кои го празнуваат овој ден.

– Го честитам денешниот Ден на балканските Египќани, на сите граѓани во Македонија кои го празнуваат, во име на Владата на Република Македонија и во мое име. Египќаните во Македонија се дел од богатата историска и културна традиција на Република Македонија, кои и денес активно придонесуваат во демократските процеси, достигнувањата и развојот на државата, се вели во честитката од Заев.

Почитувањето на етничкиот идентитет и правата на оваа заедница, пораката на што се темели одбележувањето на овој датум, се додава, е во согласност со стратешката определба на Владата на Македонија, да ја гради Република Македонија во современо, европско општество, со еднакви шанси за сите граѓани.

– Повикувам да продолжиме уште помотивирано да ги развиваме меѓусебните односи и преку унапредувањето на човековите и демократските вредности, правдата, еднаквоста, слободата, одговорно – како чесни граѓани, заеднички да придонесеме кон квалитетен живот и сигурна евро-атланстка иднина на Република Македонија, порачува премиерот Заев во честитиката до граѓаните што го празнуваат Денот на балканските Египќани во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче со години наназад ја уништуваа и ограбуваа државата

ЗНАМ: СДСМ и Венко Филипче апсолутно немаат политички кредибилитет, ниту легитимитет да нудат било какви концепти за Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Колку украде двоецот Заев-Филипче од македонските граѓани за да може да има интернационални бизниси?