Ден по самоубиствените напади во Пакистан, властите соопштија дека бројот на загинатите се зголемил и изнесува 73 лица.
Во двојниот бомбашки напад на пазар во градот Парачинар, во северозападниот дел на земјата, загинаа 55 лица.
Властите информираат дека голем број од повредените се во критична здравствена состојба. Одговорноста за нападот ја презеде сунитската секташка група Лашкар-е-Џангви.
Во вториот напад, во експлозија на автомобил-бомба близу седиштето на шефот на локалната полиција во Квета загинаа 14 лица.