СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ создаде долгорочни штети врз инфраструктурата

Од:

„Неодоговорното и коруптивно владеење на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 11 години зад себе остави огромни штети врз интересите на граѓаните и државата.

Огромните пропусти во изградбата на автопатите Кичево-Охрид и Миладиновци – Штип предизвикаа огромни штети врз потребите и интересите на граѓаните и угледот на државата. Брзајќи да ги добијат своите договорени провизии за кои слушна целата јавност, Никола Груевски и неговите соработници ги погазија интересите на граѓаните, предизвикувајќи долгорочни последици и дополнителни финансиски импликации.

Зад таканаречените проекти на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата постојат единствено криминал и корупција, а доказ за тоа се истрагите на Специјалното јавно обвинителство токму за автопатите Кичево –Охрид и Миладиновци – Штип како и обвинението за проневера и перење пари при изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица, случај кој беше под истрага и на Европската агенција за борба против корупцијата, ОЛАФ.

СДСМ, преку новата Влада што ја предводи активно работи во интерес на граѓаните и на поправање на штетите што ги создаде ВМРО-ДПМНЕ, вклучително и на автопатот Кичево – Охрид. Ќе има санација на сите штети, но и одговорност за секое работење спротивно на интересите на граѓаните и државата и за секоја злоупотреба на парите на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад