Симулациска вежба за спасување при катастрофи во реката Вардар на Општинскиот Црвен крст во Велес

Од:

Општинскиот Црвен крст од Велес во рамки на проектот „Обука и опремување на тимовите за одговор при катастрофи“ што го имплементира со подршка на Ротари клуб од Велес денеска во Велес во водите на реката Вардар под Мало Мовче и на кејот, тимот за одговор при катастрофи изведе симулациска вежба.

Вежбата се однесуваше за спасување на давеници во Вардар при случај на земјотрес и поплава.Тимот за одговор при катастрофи при Општинскиот Црвен крст делуваше брзо и со макара и гумен чамец ги спасуваше давениците, а на кои потоа на пункт на кејот, екипа на подмладокот на Црвен крст и екипата по прва помош од Гимназијата „Кочо Рацин“ им укажувашее прва помош и ги реанимираше давениците.

Како што изјави Петре Петрушевски одговорен на тимот за одговор при катастрофи при Општинскиот Црвен крст од Велес, вежбата беше успешно изведена.

-Целта на вежбата беше да покажеме дека без големи материјални и технички средства со едноставен систем на макари и јаже и со еден гумен чамец може да се обезбеди транпорт и пренесување на настрадени од едната на другата страна на реката Вардар во ситуација кога се би било разрушено, појаснува Петрушевски.

Инаку вежбата се изведе и со поддршка на Одделот за одговор при катастрофи на Црвениот крст на Македонија и Општина Велес.

Би можело да ве интересира

Мајка и ќерка се тешко повредени во сообраќајка на пругата кај Стар Мост во Велес

Горан Наумовски

Насилник од Велес им избега на шест полицајци, иако еден од нив пукал во воздух за да го исплаши

Петгодишно дете од Велес е повредено во сообраќајка, итно е пренесено на скопските Клиники

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Велес

Планинарот Пецевски по кој се трагаше е пронајден мртов

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ