СДСМ Битола: Да им го вратиме достоинството на наставниците

Од:

„Во последно време, кога се зборува за образованието, мошне често, од претставниците на власта, може да се чуе фразата „заложби за квалитетно образование“. Ваквиот т.н. интерес за квалитетот на образованието кај ВМРО – ДПМНЕ не е само денес, тој го сретнуваме во сите нивни предизборни програми и ветувања и се должи, на нивната потреба за манипулирање со гласачкото тело.

Па затоа не е чудно што на крајот од нивниот мандат имаат многу неостварени ветувања или лоши решенија. Таков е случајот и со предизборната програма на ДПМНЕ и градоначалникот Владимир Талевски од 2009 година.

– Ветија осовременување на наставата со инсталирање на компјутери, во рамките на проектот на Владата компјутер за секое дете, а делумно се реализира проект компјутер пред секое дете, зошто тие неквалитетни компјутери, во голем дел се вон употреба и се само декор во училниците.

– Умрежувањето не функционира, а интернет ретко има. Но, за каква информатичка технологија говориме кога во училиштата во Битола нема елементарни услови за работа. Учениците се смрзнуваа, а наставата беше скратена со првиот снег. Така ли ќе се постигне современа настава во 21 век. Замислете, за два мандати и со 8 буџети со околу 200 милиони евра, не можело ништо да се направи од тоа за образованието.

– Говоревме дека тоа е пропаднат проект. Ние, како СДСМ и Сојузот за иднината, заедно со нашиот градоначалник, кога ќе ја преземеме локалната власт ќе понудиме реализација на вистинска современа настава со користење на информатичката технологија но во специјализирани училници, и со смарт или интерактивни табли, ЛЦД проектори во секоја друга училница, како во секоја нормална држава.

– Поевтино, а пофункционално.

– ДПМНЕ и градоначалникот Талевски во 2009 година ветија: формирање на стручно советувалиште за планирање на кариера. Дали некој знае кога свечено се отвори такво нешто? Знаењето е сила, лажните ветувања се моќ.

– Ние и нашиот градоначалник, кога ќе ја преземеме локалната власт ќе формираме центар за талентирани и надарени ученици, а општината ќе ја има улогата на „образовен брокер“ кој ќе поттикнува и посредува во воспоставувањето на функционална соработка помеѓу бизнис заедницата и училиштата.

– Ќе создаваме предуслови за развој не само на формалното образование, туку и на неформалното образование и информалното образование, односно самообразованието. Наша цел и задача е да им го вратиме достоинството на наставниците, кое со владеењето на ДПМНЕ е целосно згазено“, изјави Петковски Константин, член на ИО на ОО СДСМ Битола.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски