ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ вели да се штеди, а Јакимовски во Карпош троши повеќе од сите скопски општини

Од:

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Бичиклиски денеска го обвини СДСМ за лицемерие со тоа што од една страна вели дека сака да се штеди, а во исто време единствениот градоначалник во Скопје од нивните редови Стевчо Јакимовски за украсување во Карпош ќе потроши повеќе од сите други скопски општини заедно.

– Од една страна го блокираат буџетот на државата, со што нема да се покачат пензиите и социјалната помош, со што работниците во градежништвото нема  да имаат работа, со што на студентите им се загрозуваат стипендиите, на вработените платите, а од друга страна таму каде што се на власт се расфрлаат со пари 10 пати повеќе од другите, изјави Бичиклиски.

Според него, СДСМ ја практикува народната „не ме гледај што правам, слушај што ти зборувам“.

– Ја повикуваме Цветанка Иванова да се пресмета физички со Стевчо јакимовски, исто онака како што се пресмета со Благородна Дулиќ, Драгиша Милетиќ да се обиде да го нападне Јакимовски, како што го нападна Илија Димовски, а Јани Макрадули, наместо да се заканува со тепање на возрасни жени, нека му се заканува на Стевчо Јакимовски. Ги повикуваме Радмила Шекеринска, Гордан Георгиев, Горан Мисовски, Игор Ивановски, да одат и да ја блокираат општина Карпош, лицемерно и со подместување, исто онака како што ја блокираат државата во Собранието на РМ. Очигледно на Шекеринска, Георгиев,  Мисовски, Ивановски им се побитни сијаличките во Карпош, од субвенциите, пензиите и социјалната помош на  граѓаните, рече Биликлиски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски сака да го бетонизира Влае

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

Николоски од Брвеница: Со градоначалникот Илиевски ја развиваме Брвеница, опонентите се нервозни, ветуваме специјален буџет за нови проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Али Експрес левичарите си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање