Вучиќ очекува голем број странски претставници на инагурацијата

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ очекува голем број странски државници да присуствуваат на денешната инагурација.

На церемонијата предвидено е да присуствуваат претседателите на Македонија, на Црна Гора и на Хрватска – Ѓорге Иванов, Филип Вујановиќ и Колинда Грабар-Китаровиќ, како и тројцата членови на претседателството на Босна и Херцеговина и бугарската вицепретседателка Илијана Јотова.

На инагурацијата се очекува да присуствуваат и еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговиот австриски колега Кристијан Керн, а од САД заменик-помошникот на државниот секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот Хојт Ји. Од Кина ќе присуствува заменик-претседателот на кинеското Собрание, а од Белорусија близок соработник на претседателот Александар Лукашенко. Исто така ќе присуствуваат и Дмитриј Рогозин од Русија и поранешниот германски канцелар Герхард Шредер и претолонаследникот на Обединети Арапски Емирати шеик Мухамед Бин Зајед.

На церемонијата ќе бидат присутни и грчкиот премиер Алексис Ципрас, италијанскиот министер за одбрана и министрите за надворешни работи на многу земји.

– Тоа ќе биде исклучителен ден за Србија. Тоа покажува дека работата, трудот и грижата за народот се исплатат, посочи Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија