Спасовски и Безак во посета на прифатниот центар „Винојуг“

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорот на Република Словачка Мартин Безак денеска ќе го посетат прифатниот центар за мигранти „Винојуг“ во Гевгелија.

Целта на посетата е осмата ротација на припадниците на словачката полиција кои спроведуваат патролни активности заедно со припадниците на МВР на границата со Грција.

Петнаесет припадници на словачката полиција на почетокот на месецов ги сменија своите колеги. Тие спроведуваат заеднички патролни активности со македонските колеги на границата со Грција кај Гевгелија, со цел превенција во областа на јавната безбедност и неовластеното преминување на државната граница.

Би можело да ве интересира

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Словенија воведе ограничување на горивото поради проблеми со снабдувањето

А1он

Како израелска приватна разузнавачка компанија се најде во центарот на словенечките избори

65-годишен скијач од Словенија тешко се повреди на Шар Планина

Горан Наумовски

Македонска инвестиција во словенечкиот приватен здравствен сектор: што значи потегот

Над 19.000 домаќинства во Словенија се без струја поради снежно невреме

А1он