Отстранети „дивите“ пазарџии пред Зелениот пазар во Куманово

Од:

Отстранети се „дивите“ пазарџии лоцирани пред Зелениот пазар во Куманово во координирана акција на повеќе нституции, а врачени им се и опомени.

Како што соопшти градоначалникот Зоран Дамјановски, акцијата се реализира денеска на барање на менаџерскиот тим на ЈП „Пазаришта“ со цел отстранување на тезгаџиите кои се нелојална конкуренција на закупците што редовно плаќаат давачки.

Според Дамјановски, надлежните од претпријатието испратиле допис до Секторот за инспекциски надзор во Општината и побарале акција за отстранување на тезгаџиите.

– Ова е регуларна акција, но не е добро што се совпаѓа со престојниот празник Рамазан, така што денеска се доставени само опомени. Акцијата овозможува и сообраќајно растоварување на булеварот, бидејќи тезгаџиите продаваат тука. Не се под контрола ниту на санитарната инспекција, ниту на иснпекцијата за храна, изјави Дамјановски.

Отстранувањето на „дивите“ тезгаџии ќе се реализира и наредните денови.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе