Процесот за „Монструм“ е одложен поради тоа што обвинетите побараа увид во доказите.
Според обвинението Фејзи Азири, Алил Демири, Сејди Рами, Африм и Агим Исмаиловиќ се договориле да извршат убиство на повеќе лица од македонска националност кај Смилковското езеро, за кое концесија имал обвинетиот Фејзи Азири.
Од пред 12-ти април го разгледувале теренот и набљудувале кои лица доаѓаат тука и од која националност се тие.
Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ на свиреп и подмолен начин ги убиле Цветанчо Ацковски, роден 93-та, Кире Тричковски, роден 91-ва, Филип Славковски, роден 92-ра, Александар Наќевски роден 94-та и Борче Стефановски, роден 67-ма.
Алил Демири пукал со пиштол, а Африм и Агим Исмаиловиќ со автоматски пушки на растојание од еден и пол метар од убиените.
Тие се обвинети за кривично дело тероризам заедно со останатите обвинети.