Вкусно подготвена морска риба, со додаток на зачински билки и бело вино …
Потребно е:
1,5 кг орада
сол
свежо мелен бибер
1,5 кг компир
150 мл маслиново масло
200 мл бело вино
магдонос, ситно сецкан
3 чешниња лук, ситно сецкани
свеж рузмарин, ситно сецкан
ловоров лист
сок од лимон
мелен сув зачин
Подготовка:
– Рибата исчистете ја и измијте ја убаво. Исушетеја со кујнска хартија. Пред печење со нож засечете ја од двете страни и посипете ја со бибер и сол.
– Компирите исецкајте ги на тркалца, сипете му малку масло, посолете го и измешајте убаво.
– Ставете го во тава за печење и одозгора ставете ја рибата.
– Тавата ставете ја да се пече во претходно загреана рерна на 200 целзиусови степени. Печете ја 50 минути со повремено премачкување на рибата со масло.
– Во меѓувреме подгответе го преливот. Во еден сад измешајте ги виното, малку вода, масло, лук, рузмарин, ловоров лист, сок од лимон, малку сол, бибер и мелен сув зачин.
– Пред крај на печењето прелијте ја рибата со подготвениот прелив.
Совет: Во тек на печењето ако е потребно прекријте ја тавата во која се пече рибата со алуминиумска фолија.