Таравари: Ќе се ревидираат договорите на дело, исплаќани високи хонорари

Од:

Во Министерството за здравство ќе се ревидираат потпишаните договори на дело. Министерот за здравство Арбен Таравари денеска истакна дека има голем број вработени со договори на дело и оти некои земале месечни суми шест пати повеќе од просечната плата во Македонија.

– Не ги знам точно. Има голем број вработени со договор на дело. Одредени луѓе од нив коишто земале месечни суми што се пет-шест пати повеќе од просечната плата на обичен граѓанин во Република Македонија. Не ги знам точно, но мислам дека се убави плати, како на запад. Сега ревидирaие и ќе видиме. Не ги знам по име точно, знам дека постојат такви луѓе коишто примале многу високи износи на плати. Ќе ги ревидираме, ќе ги видиме и институционално ќе се реагира, изјави денеска министерот одговарајќи на новинарски прашања на промоцијата на кампања „Со клучни одлуки до здрава заедница“.

Би можело да ве интересира

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем

Мицкоски: Не може да се пишуваат дежурства од 31 ден во февруари со 24 часа работни, а да очекуваме вложувања во здравството

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години