Исени: Среќен сум за голот, и за победата

Од:

Фудбалерот на Вардар, Бесар Исени ја доби шансата од шефот на стручниот штаб Гоце Седлоски на вчерашниот дуел со австрискиот прволигаш Адмира и во 42. минута ја искористи постигнувајќи гол за водство на „црвено-црните“.

20-годишниот Исени истакнува дека е среќен за дебито, за постигнатиот гол, и она што е најважно, за победата на „вардарци“ (2:0) на овој контролен натпревар.

– Секако дека сум среќен што добив шанса да настапам во првиот состав на Вардар. Уште посреќен што успеав на мојот прв натпревар да постигнам и гол, а најсреќен поради тоа што успеавме да оствариме победа. Чувството е прекрасно кога ќе се даде гол на деби, и сакам да се заблагодарам на стручниот штаб и на моите соиграчи за поддршката. Што се однесува до натпреварот, игравме против еден навистина цврст и добар противник. Сепак, сметам дека имавме повеќе од играта и од шансите и заслужено победивме. Сега ни останува уште да работиме на овие подготовки, да се подготвиме уште подобро за она што следува. А, јас посакувам да има уште голови и уште победи во дресот на Вардар, изјави Исени за клупскиот сајт.

Тој дојде во Вардар непосредно пред почетокот на подготовките од таборот на Шкупи, и потпиша тригодишен договор со македонскиот првак.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска